Жените повеќе жртви на насилство отколку на тешки болести

Скопје, 25 ноември 2014 (МИА) - „Направи го твоето соседство портокалово“ е паролата која денеска во СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“, беше упатена на означувањето на почетокот на кампањата „16 дена активизам против насилството врз жаната и девојчињата“, како дел од глобалната кампања на ОН "Orange your Neighbourhood".

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во своето обраќање рече дека потребно е сите ние како индивидуи, но и како општество да го демонстрираме нашето „не“ на насилството врз жените.

- Во изминатите неколку години Министерството за внатрешни работи и граѓанскиот сектор успеаја да направат крупен исчекор во подигнување на свеста за овој реален проблем, особено семејното насилство кое во најголема мера е токму „медиумот“ каде што жените се најчесто жртви по разни основи. Разбивајќи ги поранешните табуа и стереотипи кон насилството почнавме да се спротивставуваме систематски, нормативно но и превентивно, согласно заканите и последиците кои ги продуцира овој опасен социо-девијантен феномен, истакна Јанкулоска.

Од аспект на МВР, министерката информираше дека полицијата со своите надлежности за постапување на полето на интервенција, превенција, едукација и меѓусекторска координација, значително ги интензивирале активностите во спречувањето на насилството пред се на семејното насилство.

Насилството врз жените, според постојаниот координатор на Обединетите Нации, Луиза Винтон е едно од најраспространетите и како што рече, воедно најмалку препознаените прекршувања на човековите права.

-Глобалбно, една од три жени ќе доживее физичко или сексуално насилство во некој момент од својот живот, во многу случаи токму од својот интимен партнер. Скоро половина од жените убиени во текот на 2012 година, настрадале од својот партнер или член на семејството, нагласи Винтон.

Статистички, рече таа, силувањето и домашното насилство претставуваат поголема закана за жената отколку ракот, сообраќајките, војните и маларијата заедно. Таа повика на одговорност за сторителите на насилство како и за потребата за подобра едукација за помладите генерации кои треба да знаат дека „вистинскиот маж не удира жена“.

Градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ порача дека мора да престане насилството врз жената за која, како што рече, покажува црната статистика каде секоја трета жена е жртва на насилство која многу ретко проговорува за трагедијата што и се случува. Соочени со таквиот страв, рече градоначалничката, жените се навикнуваат на таквата „имитација на живот“.

-Што можеме ние да сториме за ова да се сопре. Пред се да не ја вртиме главата настрана туку да се залагаме за концепт на здраво семејство, здрави заедници во кои улогата на мажот и жената еднакво ќе се ценети и каде жените можат подеднакво да партипицираат како мажите, истакна Беличанец-Алексиќ.

Таа додаде дека дури тогаш голем дел од превенцијата за насилството врз жените ќе биде завршена.

Според статистиката до септември оваа година МВР евидентирало 635 кривични дела сторени при семејно насиство што претставува 25 отсто повеќе од лани за истиот период. Извршители во 90 проценти од делата се мажи, а идентичен е процентот на жртви во кој се жените. Бројот на поплаки за девет месеци односно до септември е над 3.200 што е за 36 отсто повеќе од лани за истиот период. Најголем број од поплаките се поради психичко малтретирање на жртвата, потоа следат физичкото и поплаките за малтретирање од економски побуди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...