Средба на Ахмети со директорот за ЈИЕ при Стејт департментот, Јаздгерди

Скопје, 19 декември 2014 (МИА) - Претседателот на Демократската Унија за Интеграција Али Ахмети, денеска во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, имаше работна средба со директорот за југоисточна Европа при Стејт департментот, Томас Јаздгерди.
 
Ахмети и Јаздгерди, соопшти денеска ДУИ, отворено разговарале за политичките околности во земјата и регионот, евроатланската интеграција, меѓуетничките односи, како и за прашања поврзани со владејачката коалиција.
 
- САД се силни поддржувачи на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, заедно со посветеноста за конкретна ангажираност за надминување на пречките кои ја држат Македонија далеку од Брисел, било потврдено на денешната средба, стои во соопштението од ДУИ.  
 
Ахмети говорејќи за ажноста на НАТО за нашата земја, истакнал дека клучот за одржлива стабилност во земјата и за здрави меѓуетнички односи е евроатланската интеграција, со посебен акцент врз членството во Северозападната алијанса.
 
- Меѓуетничките односи се столб на мирот, стабилноста и безбедноста на Македонија, но овие односи се затегнати од статус кво состојбата во однос на надминување на спорот со името што предизвикува одложувања во процесот на интеграција на земјата, се вели во соопштението од ДУИ и се додава оти Ахмети нагласил дека прозападниот курс на Албанците нема да се промени никогаш бидејќи ова определба, подвлекол, ја имаме наследено од нашата национална преродба.
 
Лидерот на ДУИ изразил надеж за поголема и конкретна посветеност од страна на Вашингтон и Берлин особено, но и од другите земји членки во ЕУ, во 2015-та година за конечено привршување на спорот со Грција.
 
Ахмети и  Јаздгерди се согласиле дека е потребена политичка волја на засегнатите страни, но, стои во соопштението, претседателот на ДУИ рекол дека без силно посредство од страна на меѓународната заедница, овој проблем не може да се надмине.
 
На средбата Ахмети зборувал и за односите со коалиционите партнери и предизвиците со кои се соочиваат, при што ги истакнал разликите во интерпретацијата на Охридскиот договор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...