По две години прва средба на Обама и Путин во Њујорк

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин по две години, на маргините на Годишната седница на Генералното собрание на ОН, имаа 90-минутна средба на која разговараа за ситуацијата во Украина и Сирија, јави анонимен американски дипломат.



На средбата Обама и Путин постигнаа согласност нивните воени официјални лица да разговараат за тоа како да се избегне судир околу потенцијалната операција во Сирија и улогата на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Путин, кој средбата ја оцени како многу корисна и отворена, по разговорот изјави дека според него постои основа за соработка во заедничките проблеми.

- Русија и САД би можеле да ги координираат воздушните напади со цел да се реши кризата во Сирија, истакна Путин.

Рускиот претседател потврди дека се размислува за можна операција во Сирија и дека не е исклучено ништо. - Ако мора да делуваме тоа ќе биде единствено со целосно почитување на меѓународното право, но не станува збор за копнени операции и учество на руски војници во тоа, нагласи Путин.

Обама и Путин вчера на форум во седиштето на ОН се разидоа во одонос на прашањето за улогата на сирискиот претседател Асад, а напредок не е постигнат ниту по билатералните разговори.

Путин изјави дека има најголемо почитување за своите американски и француски колеги, но дека тие не се сириски државјани и за судбината на Асад треба да одлучи сирискиот народ, а не Обама или францускиот претседател Франса Оланд.

Обама, од друга страна, повторно порача дека нема пат во стабилност на Сирија додека Асад е на власт.

Според американските дипломати, намерата на Путин во Сирија е јасна, победа над Исламска држава и поддршка на Асад.

Во своите обраќања на Генералното собрание на ОН вчера, Обама и Путин изнесоа различни ставови за војната во Сирија што трае веќе четири и пол години и во која животот го загубија над 240.000 лица.

Рускиот претседател, кој повика за широка антитерористичка коалиција против џихадистите на ИД, изјави дека е потребно во таа војна да се застане до претседателот на Сирија Башар ал Асад.

Обама ја осуди логиката на поддршка на „тиранин“ што масакрира цивили со изговор дека без него ситуацијата би била полоша.

Американскиот претседател, во своето обраќање, во делот за Украина ја потврди американската поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата и оцени дека САД гледаат можност за напредок во мировниот договор од Минск.

Односите меѓу Русија и САД паднаа на најниско ниво од времето на Студената војна по руската анексија на Крим во 2014 година и поддршката на проруските сепаратисти во Источна Украина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...