Вашингтон: Русија започна со воздушни напади во Сирија

Вашингтон, 30 септември 2015 (МИА) - САД имаат информација дека Русија почнала да извршува воздушни напади врз цели на цихадистичката група Исламска држава во Сирија, соопштија американски официјални претставници.

Истите извори инфромираа дека ударите на руските сили најверојатно се извршени во реонот на градот Хомс, додавајќи дека Русија ги информирала САД за  нападите еден час пред тие да бидат извршени.

Коментирајќи ги информациите од Москва за формалната согласноста што Кремљ ја доби од Советот на Руската Федерација за воздушни напади во Сирија, Си-Ен-Ен, повикувајќи се на изјава на неименуван американски функционер, кави дека руските сили веќе извесен период се подготвувале за вклучувањето во сирсикиот конфликт, префрлајќи борбени авиони, хеликоптери и разузнавачки дронови.

- Русите во базата во Латакија имаат триесетина авиони од типот СУ-34, како и повеќе од 600 војници, а со помош на дроновите веќе ги имаат определено и позициите на џихадистите од Исмаламска држава, ијзавил неименуваниот функционер.

Според телевизијата, американскиот Пентагон им наредил на своите воени сили во регионот „да воспостават и да одржуваат отворени линии за коуминикација“.

Администрацијата во Вашингтон се согласува со вклучувањето на Русија во борбата за уништување на џихадистите и елиминирање на заканата за создавање на т.н. „Исламски Калифат“ на територјјата на Сирија и Ирак, но стравува дека воздушните напади на руските авиони ќе бидат во функција на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото  останување на власт.

САД неволно прифатија Асад да остане претседател во еден „кус транзициски период“, но се против политичкиот статус кво во Сирија и останувањето на актуелниот шеф на државата на власт на неопределено време.

Западните медиуми шпекулираат дека руските авиони покрај позициите на ИД, би можеле да ги напаѓаат и позициите на разните групи на вооружената сириска опозиција кои ја имаат подршката на САД и земјите на Западот.

Москва преходно денеска соопшти дека Горниот дом на рускиот Парламент,  Советот на Федерација, со мнозинство гласови одобри употреба на авиони на Военото воздухопловство на Русија за напади на цели на територијата на Сирија.

Шефот на Кабинетот во Кремљ, Сергеј Иванов информира дека одлуката на Советот на Федерацијата е донесена врз основа на барањето на Асад за „воена помош во борбата против Исламската држава“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...