Нема опасност од откажување на ОИ во Рио де Женеиро поради вирусот зика

Бразил, 2 февруари 2016 (МИА) - Не постои опасност од откажување на Олимписките игри во Ри де Женеиро поради епидемијата на вирусот зика во Бразил, кој се поврзува со деформации на главата на новороденчињата, соопшти претседателскиот кабинет на земјата.

- Треба да им појасниме на оние кои доаѓаат во Бразил, на спортистите, дека ризикот за нив е нула, освен доколку не се бремени жени, изјави началникот на канцеларијата на бразилската претседателка Дилма Русев, Жаг Вагнер. 



- Би напоменал дека сериозен е ризикот за бремените жени, повтори тој и додаде дека тоа значи дека на бремените жени не им се препорачува да го посетуваат Бразил,

Вагнер изјави дека ќе бидат потребни меѓу три и пет години за изработка на вакцина против вирусот.

Летните олимписки игри во Бразил ќе се одржат од 5 до 21 август. 

Болеста зика е откриена во 1947 година во Уганда. Вирусот го пренесува определен вид комарци. 

Светската здравствена организација вчера соопшти дека зика е глобална опасност за јавното здравје, бидејќи се поврзува со аномалии кај илјадници  новороденчиња во Бразил и мошне брзо се шири. Во Бразил има податоци за околу четири илјади случаи на микроцефалија, аномалија, при која децата се раѓаат со помал размер на мозокот, што се поврзува со зика, но засега поврзаноста не е целосно потврдена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...