Европските држави да почнат подготовки за заштита од Зика

Женева, 3 февруари 2016 (МИА) - Европските земји треба веднаш да почнат да се подготвуваат да го заштитат населението од вирусот зика, соопшти денеска Светска зравствена организација.

- Сега е време земјите да се подготват за да се намали ризикот, изјави претставничката на СЗО задолжена за Европа, Жужана Јакаб.

Таа посочи дека не е забележан случај на инфицирано лице на подрачјето на Европа, но оти би можело да дојде до ширење на вирусот со доаѓањето на топлото време, на пролет и на лето.

- За секоја европска земја во која има тигрести комарци постои ризик од ширење на вирусот зика, потенцира Јакаб.

СЗО денеска изрази и загриженост поради извештаите дека во САД е регистрирано првото лице инфицирано со вирусот зика по сексуален пат.

Вирусот зика, кој се смета за одговорен за пораст на бројот на случаи на хидроцефалија кај бебињата во Бразил, со голема брзина се шири во Северна и во Јужна Америка, а СЗО поради тоа прогласи глобалба вонредна состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
една баба оди на лекар.Кога докторот ја прашува што е проблемот таа му вели дека многу прди, прдежите не се слушаат но многу смрдат.Докторот и дава лекови и и вели да се врати на...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
641.- Кинеската принцеза Вен Ченг се омажи за...
1365.- Отворен е Универзитетот во Виена, една од...
1507.- Загина италијанскиот генерал Чезаре...
1832.- Роден е англискиот капетан Чарлс Канинг...