Американскиот дневен весник Ју-Ес-Еј Тудеј направи прекин на традицијата и зазеде страна во американските претседателски избори. Тие ги предупредија своите читатели да го отфрлат изборот за републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп.
Весникот никогаш во 34-годишната традиција не зазел страна во претседателските избори, но нивниот уреднички колегиум одлучил овој пат да се огласи по прашањето на изборот меѓу Трамп и Клинтон.
– Никогаш досега не сме виделе причина да го менуваме својот став, но сега гледаме. Оваа година нашиот уреднички колегиум едногласно заклучи дека еден од кандидатите - Доналд Трамп, не е добар да биде претседател на државата, се вели во уводникот.
– Што и да правите, спротивставете се на сирена-песната на опасниот демагог. Секако, гласајте, но не за Трамп, ги повика своите читатели Ју-Ес-Еј Тудеј.
– Откако пред 15 месеци ја истакна својата кандидатура, Трамп повеќепати покажа дека му недостига темперамент, знаење, искреност што треба да ја има еден американски претседател, се наведува во уводникот.
Според нив, Трамп е „непостојан, неспособен да биде командант на армијата, сериски лажго, тргува со предрасуди, зборува непромислено...имал сомнителна кариера во бизнисот и не е отворен кон гласачите по прашања меѓу кои и за неговата даночна пријава, предупредува весникот.
Од друга страна, во врска со Хилари Клинтон, весникот додава дека „иако има многу недостатоци, веројатно дека мааните нема да ја загрозат националната безбедност или да предизвикаат уставна криза“.