Доналд Трамп се сретна со поранешниот шеф на ЦИА, Дејвид Петреус

Њујорк, 29 ноември 2016 (МИА) - Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и пензионираниот генерал и поранешен директор на ЦИА, Дејвид Петреус се сретнаа вчера во „Трамп тауер“ во Њујорк.

Шеесет и четиригодишниот Петреус е меѓу имињата кои се споменуваат како можен иден државен секретар во Администацијата на Трамп.

- Трамп покажа дека многу добро се разбира во различни предизвици. Имавме многу корисен разговор, па ќе видиме каде водат работите, истакна Петреус по средбата, која траела околу еден час.

Тој раководеше со воените операции во Ирак и Авганистан, а потоа во 2011 година беше именуван за директор на ЦИА, но подоцна поднесе оставка поради љубовна афера. Петреус тогаш призна дека е виновен и дека и открил доверливи информации на својата љубовница Пола Бродвел.

- Туку што се сретнав со генерал Петреус и многу сум пријатно изненаден, напишна Трамп на Твитер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...