Вашингтон, 30 ноември 2016 (МИА) - Стивен Мнучин, поранешен менаџер на инвестициската банка Голдман Сакс (Goldman Sachs) денеска на Си-Ен-Би-Си соопшти дека Доналд Трамп го номинирал за министер за финансии, пренесоа француските медиуми.
Тој ја потврди и номинацијата на Вилбер Рос за министер за трговија.
- Многу сме среќни што ќе работиме за новоизбраниот претседател и за нас е чест да бидеме номинирани на овие функции, рече Мнучин.
Номинацијата на двајцата кандидати треба да ја потврди Сенатот, прецизираат француските медиуми.