Трамп: САД ќе прекинат со соборување на влади ширум светот

Синсинати, 2 декември 2016 (МИА) - САД ќе прекинат со обидите да соборуваат влади ширум светот и ќе соработуваат со другите земји кои се борат против тероризмот, порача новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за време на својата „турнеја на благодарноста“ и вети почеток на „нова ера на мирот“.

- Ќе ја уништиме Исламска држава. Истовремено, ќе се водиме според новата надворешна политика, која конечно учи на грешките од минатото. Ќе прекинеме со соборување на режими и влади, истакна Трамп во своето обраќање во Синсинати.

Тој нагласи дека САД ќе соработуваат со секоја земја која е заинтересирана да ја уништи ИД.

Трамп вети дека ќе ги „излекува длабоките рани на Америка“, додавајќи дека земјата нема друг избор, туку треба да се обедини и да ја отфрли нетрпеливоста.

Претходно, за време на својата посета на Индијана, Трамп повтори дека ќе изгради ѕид долж американско-мексиканската граница, кој ќе има „врата“ низ која ќе можат да минуваат легални мигранти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...