Во налет на ураганот Ирма загинаа 25 луѓе

Ураганот Ирма повторно зајакна на четврта категорија во својот пат кон Флорида, а бројот на загинати се искачи на 25.

На францускиот остров Сен Бартс и на германско-француската територија на Сен Мартин загинаа 12 лица, шест на Британските Девствени Острови, најмалку четворица на Американските Девствени Острови, додека во Порторико се регистрирани две жртви, а една на Барбуда.

Ирма се приближува кон Флорида со брзина на ветерот од 210 километри на час. Американскиот Национален центар за урагани предвидува дека ураганот Ирма дополнително ќе зајакнува и оти директно ќе удри во Сент Питерзбург, а не во заливот Тампа, како што претходно беше прогнозирано.

Ураганот Ирма се очекува утре да го погоди заливот Тампа.

Повеќе од 170.000 домови и компании во Флорида се без електрична енергија, од кои половината во подрачјето на округот Мајами Дејд, каде за околу 600.000 луѓе е наредена евакуација.

Седум милиони луѓе од околу 21 милион жители на Флорида се повикани да се евакуираат.

Ураганот Ирма предизвика материјална штета на Куба, каде брзината на ветрот достигна од 210 километри часа. Се уште нема информации за евентуално повредени или загинати луѓе.

Ирма уништи хотели во најпознатите летувалишта на островот и предизвикаа евакуација долж брегот, па се до околината на главниот град Хавана. Повеќе од 5.000 туристи беа евакуирани од северните крајбрежни реони и острови, каде последните години беа изградени низа нови одморалишта.

Властите во Санта Клара соопштија дека ураганот урнал 39 згради.

Најпогоден е малиот крајбрежен град Кајбариен, на околу 320 километри источно од Хавата, каде се урнати голем број далновди, а неколку квартови се под вода.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...