Вашингтон, 21 септември 2017 (МИА) - Американската амбасадорка во Обединетите нации Ники Хејли изјави дека претседателот на САД Доналд Трамп не сака војна со Северна Кореја.
- Никој не сака војна. Претседателот не сака војна. Се обидовме тоа да го направиме по пат на дијалог, се обидовме со примена на санкции, се обидовме на секој можен дипломатски начин и не се откажуваме, изјави Хејли по говорот на Трамп во ОН, во кој се закани со „целосно уништување“ на Северна Кореја.
Во изјавата за Си-Би-Ес, Хејли истакна дека Вашингтон има „многу воени опции“ во однос на севернокорејската власт и оти останува прашањето како да се привлече вниманието на тамошниот лидер Ким Џонг-ун.