Министерот за надворешни работи на Северна Кореја, Ри Џонг-хо го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека и објавил војна на неговата држава.
Тој истакна дека Северна Кореја го задржува правото да ги собори американските бомбардери. Ри Џонг-хо појасни дека ова се однесува и на ситуации кога бомбардерите не се наоѓаат во воздушниот простор на Северна Кореја.
- Светот треба да запомни дека САД први објавија војна, потенцираше севернокорејскиот министер.