САД предупредуваат на раѓање на нова „оска на злото“

Шефот на Индо-тихоокенската команда на воените сили на САД Џон Акилинo изјави дека еволуцијата на односите меѓу Пекинг и Москва „во значајна мерка“ укажува на тоа дека сегашната ситуација станува „најопасна“ од сите шти ги набљудувал во своиtе 40 години служба.

Toj укажа и дека Кина гради таква воена моќ со големина досега невидена уште од Втората светска војна.

-Соработката на тие две авторитарни држави ќе не стави во сосема нова позиција во однос на безбедноста, изјави Џон Акилино на сослушувањето синоќа пред Комитетот за вооружени сили на Претставничкиот дом.

-Ми се чини дека тоа е нивен начин на борба со ширењето на алијансите на САД и партнерите со нашите сојузници кои го делат нашето мислење во регинот. На тој начин тие ни се спротивставуваат, изјави тој.

А со оглед на раширената соработка со Северна Кореа и Иран, кои се вклучени со снабдувањето на Русија со оружје за војната во Украина, „тоа треба да го загрижи целиот свет“, додаде Акилино.

Претставници на Пентагон многупати досега правеа разлика меѓу Кина и Русија, со тоа што растечкиот воен потенцијал на Пекинг беше именуван како предизвик, а Русија и нејзините дејствија како закана.

Но односите меѓу Кина, Русија, Северна Кореа и Иран Акилино ги окарактеризира како совпаѓачки и како „оска на зло“ во раѓање.

-Ние треба да реагираме на соодветен начин, изјави тој.

Помошникот министер за одбрана задолжена за безбедноста во Индо-тихоокенскиот регион, Ели Ратнер, имаше слично мislewe. Според неа, настаните во Европа и Индотихоокеанскиот регион сѐ повеќе стануваат поврзани.

-Многу важно е да се истакне дека подршката за Украина ќе помогне во зацврстување на задржувањето во Индотихоокеанскиот регон. Тоа ќе покаже дека насилства слични на овие имаат своја цена и последици и дека слободниот свет ќе се обедини.

Акилино истакна и дека Кина гради таква воена моќ со размери досега невидени од Втората светска војна и дека до 2027 година ќе биде спремна да изврши инвазија на Тајван.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето.
- Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...