САД тестираа проектил кој може да стигне до Москва и Пекинг за 30 минути

САД вчера наутро лансираа невооружена интерконтинентална балистичка ракета од вселенската база Ванденберг во Калифорнија, што е првото од двете пробни лансирања планирани за оваа недела, јави Си-Би-Ес.

Командата на воздухопловните сили објави видео и слики од ракетата Минутмен 3 (Minuteman III) додека лета на небото северно од Санта Барбара.

Во соопштението се наведува дека пробната програма за лансирање е дизајнирана за „да се потврди безбедноста, ефективноста и подготвеноста на системот за оружје“. Минутмен 3 патувала преку 6.400 километри со брзина поголема од 24.000 километри на час до Маршалските Острови во централниот дел на Пацификот.

- Ова пробно лансирање го означува почетокот на извонредната недела за нашите воздухопловци во Ванденберг, со две планирани пробни лансирања од западниот полигон, изјави полковник Брајан Титус, заменик командант на воената единица Space Launch Delta 30.

- Овие тестови се од огромно значење, не само за одбраната на нашата нација, туку служат и како клучен момент за прикажување на исклучителните способности и експертиза на нашиот посветен тим, додаде тој.

Minuteman III стана оперативен во 1970-тите. Во моментов има 400 ракети Minuteman III во различни бази на воздухопловните сили низ земјата, кои военото крило ги опишува како стратешки вооружен систем наменет да служи како „сигурно и ефективно нуклеарно одвраќање“.

Слични тестови биле спроведени повеќе од 300 пати претходно, а Титус вели дека вчерашниот тест „не бил резултат на актуелните светски настани“, туку имал за цел „да покаже дека нуклеарното одвраќање на САД е безбедно, доверливо и ефикасно“.

Minuteman III за 30 минути може да стигне до Москва и Пекинг, кои се оддалечени на 9.500 и 9.650 километри од Калифорнија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе и Гоце се враќаат дома од кафана, ама одлучуваат да одат по краткиот пат, преку гробишта. Само што влегле на гробишта, слушаат тие силно удирање. Се преплашуваат и двајцата,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1574.- Во Фиренца умре Џорџо Вазари, италијански...
1858.- Со мирот во Тенцин заврши...
1941.- Унгарија и Финска му објавија војна на...
1966.- Во Тананарива, главен град на Малгашката...