Кирби: Белата куќа на ниту еден начин не била вмешана во случајот со Асанж

Портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби денеска изјави дека Белата куќа на ниту еден начин не била вмешана во случајот со основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.



– Тоа беше прашање за Министерството за правда и тие се единствените кои можат да разговараат за тоа, рече Кирби на прес-конференцијата.

Асанж слета во Австралија откако се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД во договорот што го ослободува по 14-годишна правна битка. Основачот на Викиликс помина пет години во британскиот затвор Белмарш борејќи се против екстрадиција во САД.

Според условите на договорот, американските обвинители побараа затворска казна од 62 месеци, што е еднакво на казната што основачот на Викиликс веќе ја одлежа во затвор со максимална безбедност во Лондон.

По склучувањето на договорот, Асанж беше ослободен со кауција и ја напушти Велика Британија.

Во април 2019 година, американското Министерство за правда објави дека го обвини Асанж за заговор со поранешниот свиркач на Викиликс, Челзи Менинг, за да хакира владина компјутерска мрежа за да дистрибуира доверливи воени документи.

Подоцна, американските правосудни власти ја објавија одлуката за покренување дополнителни обвиненија против Асанж по уште 17 точки.

Во САД му се закануваше казна од 175 години затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Момчето: Ти си најубавата и најсимпатичната девојка која сум ја запознал.

Момата: Не сери! Само би ме е*ал!

Момчето: Ооооо!!! И паметна си.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1913.- Со нападот на бугарските сили на позициите...
1941.- Непосредно по капитулацијата на Полска...
1960.- Белгија ја призна независноста на својата...
1972.- Укината е смртната казна во САД.