Петмина загинати откако „Деби“ го погоди југоистокот на САД

Најмалку пет лица загинаа откако ураганот Деби удри во Флорида, пред да ослабне во тропска бура. Деби се очекува да предизвика големи поплави во делови од Џорџија и Каролина во наредните денови, јави Би-Би-Си.



Националниот центар за урагани предупреди на „животозагрозувачка“ закана од поплави поради „бавнодвижечката бура“ која носи „обилни врнежи“.

Деби удри вчера наутро како ураган од категорија 1 во регионот Биг Бенд на Флоридскиот Заливски брег. Властите соопштија дека меѓу загинатите има и 13-годишно момче кое беше убиено кога дрво падна врз мобилен дом во Леви Каунти, во близина на Гејнсвил. Во округот Хилсборо, во близина на Тампа, 18-тонски камион излета во канал за време на бурата. Возачот беше пронајден мртов. Во округот Дикси, западно од Гејнсвил, беше соопштено дека жена и 12-годишно дете загинаа кога нивниот автомобил се судри во неделата вечер. Во јужна Џорџија беше пријавена уште една смрт - 19-годишно момче - откако големо дрво падна врз верандата на дом во Мултри, според локалните медиуми.

„Бавното движење на бурата може да предизвика катастрофални поплави“, изјави заменик-директорот на центарот за урагани, Џејми Ром.

Брановите и силните ветришта на Деби помогнаа да се извадат на брег 25 пакети кокаин, вредни повеќе од еден милион долари, во Флорида Кис, според американската гранична патрола.

Во Флорида, синоќа околу 150.000 домови и бизниси останаа без електрична енергија, според PowerOutage.com. Исто така, уште 36.000 жители во Џорџија и Јужна Каролина беа без струја.

Се предвидува дека бурата ќе го зафати брегот, носејќи врнежи на југоистокот на Џорџија и Каролина во текот на денешниот и утрешниот ден, пред да се придвижи кон внатрешноста на Јужна Каролина в четврток. Пред бурата да удри, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, прогласи вонредна состојба за 61 од 67 окрузи во Флорида.

Метеоролозите предвидуваат дека оваа сезона на урагани, која трае од 1 јуни до 30 ноември, ќе биде интензивна.

Националната океанска и атмосферска администрација (НОАА) соопшти дека може да има до 25 именувани бури во 2024 година. Од нив, помеѓу осум и 13 бури може да се развијат во урагани.

Деби беше четвртата именувана бура годинава. Се смета дека климатските промени ги прават поверојатни бавните урагани како овој.

Како што светот се загрева нерамномерно, ова предизвикува промени во атмосферските циркулации што ги насочуваат бурите низ целата планета.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Дечко видел постара двојка во Мекдоналдс со само еден оброк пред нив и две чаши. Тогаш забележал како мажот полека и внимателно го поделил сендвичот на пола и една половина...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија пат....
Верски календар
На денешен ден
69.- На Римскиот форум побунетите преторијанци го...
1535.- Англискиот крал Хенри Осми ја зеде...
1559.- Елизабета Тудор, ќерка на Хенри Осми и...
1582.- Со посредство на папата Григур Осми, кој...