Саудискиот принц стравува дека ќе биде убиен затоа што се залагал за нормализација на односите со Израел

Саудискиот принц Мохамед бин Салман им порача на американските конгресмени кои дојдоа да го посетат дека си го ризикува животот залагајќи се за договор за нормализација на односите со Израел, пишува денеска Политико.

Лидерот на Саудиска Арабија разговараше за заканите со кои се соочува за да објасни зошто мора да се погрижи секој договор да вклучува јасен и неповратен пат кон идната палестинска држава, објави Политико, цитирајќи поранешен американски функционер запознаен со разговорите.

На една таква средба Бин Салман се осврна на случајот со египетскиот лидер Анвар Садат, кој беше ликвидиран од египетските фундаменталисти во 1981 година, по склучувањето на мировниот договор со Израел.

„Times of Israel“, пишува дека не се знае точно кога се воделе разговорите во кои саудискиот лидер споменал можност да биде убиен, со оглед на тоа што временската рамка за постигнување израелско-саудиски договор за нормализација на меѓусебните односи е речиси целосно затворена во последните месеци, велат извори во американскиот Конгрес.

Тие извори изјавија за „Times of Israel“ дека секоја шанса за постигнување договор е згаснат во јуни, со оглед на тековната војна во Газа и се помалиот временски период во календарот на Сенатот да закаже ратификација на американско-саудиската компонента на договорот, пред ноемвриските претседателски избори во САД.

-Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неколку наврати ја отфрли можноста да се согласи за формирање на идна палестинска држава, така што секој сличен договор е тешко да се постигне, оценува „Times of Israel“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...