Аксиос: Израел за неколку дена ќе ја почне одмаздата кон Иран

Израелските власти за порталот „Аксиос“ изјавија дека во рок од неколку дена Израел ќе започне „значителна одмазда“ за иранскиот ракетен напад и дека цели може да бидат нафтени постројки, но и други стратешки локации.



Иран се закани дека повторно ќе го нападне Израел доколку оваа земја одговори на речиси 200 проектили кои Иран ги лансираше синоќа.

Израелските власти проценуваат дека доколку тоа се случи, „сите опции ќе бидат на маса“, вклучувајќи ги и нападите врз иранските нуклеарни постројки.

„Големото прашање е како Иранците ќе одговорат на нападот, но ја земаме предвид можноста тие да се подготвени на се, што значи дека ќе следи многу поинаква игра“, изјави израелскиот функционер.

Многу израелски официјални лица ги посочуваат иранските нафтени постројки како веројатна цел, но некои велат дека се можни и точно избрани убиства и уништување на иранските системи за противвоздушна одбрана.

Одговорот на Израел може да вклучи воздушни напади од борбени авиони, како и тајни операции слични на оние во кои беше убиен политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран пред два месеци.

Последниот одговор на иранскиот напад во април беше релативно воздржан. Израел тогаш на иранскиот ракетен и беспилотен напад одговори со ограничен напад врз батеријата за воздушна одбрана С-300 во Иран, со што заврши размената на директни напади.

Официјалните лица оценија дека овој пат израелската одмазда ќе биде многу позначајна. Воениот кабинет на Израел се состана вчера во подземен владин бункер во планина во близина на Ерусалим. Состанокот започна кога првиот бран ирански балистички ракети се упати кон Израел. Многу од иранските ракети беа пресретнати од израелски и американски системи за противракетна одбрана. Оние кои не беа пресретнати главно погодија отворени области во близина на базата на воздухопловните сили во јужен Израел, штабот на Мосад и воената разузнавачка база северно од Тел Авив.

Израелски воен претставник изјави за Аксиос дека десетици ирански проектили биле истрелани кон седиштето на Мосад, но ниту една не ја погодила внатрешноста на комплексот.

Двајца официјални претставници изјавија дека состанокот на владата заврши по неколку часа со договор дека ќе има израелски воен одговор, но нема јасна одлука за тоа каков ќе биде тој одговор.

Висок израелски функционер за Аксиос изјави дека една од причините зошто не е донесена одлука на состанокот на владата е тоа што израелските власти сакаат да се консултираат со администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.

Иако Израел ќе одговори на нападот, тој сака да ги координира своите планови со САД поради стратешките импликации на ситуацијата.

Бајден вчера рече дека САД и Израел разговараат за одговор на иранскиот напад и дека „останува да се види“ каков ќе биде исходот.

Американскиот функционер рече дека САД јасно ставиле до знаење дека го поддржуваат одговорот на Израел, но смета дека треба да се процени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како се викаат свекор и свекрва?
- Шап и лигавка!
А снаа?
- Луда крава!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1118.- Роден е кентерберјскиот надбискуп Томас...
1375.- Умре Џовани Бокачо, славен италијански...
1639.- Роден е Жан Расин, француски поет и...
1781.- „Патентот за толеранција“ кој го изработи...