СЗО повикува на итна акција по првиот потврден случај на колера во Либан

Светската здравствена организација (СЗО) е вознемирена од првиот потврден случај на колера во Либан по избувнувањето на актуелната криза и соопшти дека итно работи на спречување на поголема епидемија.

Либанските здравствени власти неделава го потврдија првиот случај на колера во услови на ескалација на конфликтот меѓу Израел и Хезболах, поддржан од Иран.

Колерата е заразна болест придружена со дијареа и повраќање и се шири преку контаминација на вода, на пример кога залихите на вода се загадени со измет. Ризикот од појава секогаш постои кога многу луѓе мора да живеат заедно во недоволно хигиенски услови.

Во Либан повеќе од милион луѓе се раселени поради израелските напади во борбата против Хезболах. Многумина живеат во несоодветни услови во засолништата или на отворено и немаат пристап до чиста вода.

По повеќе од 30 години колера во Либан повторно се појави во октомври 2022 година, кога беа регистрирани над 8.000 сомнителни случаи, а до јуни 2023 година, кога беше крајот на епидемијата, починаа 23 лица. Болеста е особено опасна за малите деца .

Во моментов се во тек тестирања на луѓе и преглед на примероци од вода. Во соработка со партнерските организации, СЗО се обидува да обезбеди повеќе чиста вода за пиење и да го подобри отстранувањето на отпадните води. Дополнително, во земјава веќе се донесени медицински материјали за лекување на болни од колера.

Кампањата за вакцинација против колера траеше од почетокот на август, но беше прекината поради ескалацијата на конфликтот меѓу Хезболах и Израел.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Жената му вели на мажот:
- Леле колку сум среќна што се врати!
- Што така?
- Па, на радио рекоа дека некој пијан идиот се удавил во реката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1469.- Кралицата Исабела од Кастиља се омажи за...
1685.- Францускиот крал Луј XVI го поништи...
1697.- Роден е италијанскиот сликар Џовани...
1859.- Во Париз е роден Анри Бергсон, француски...