Франција предупредува да не се носат предвремени заклучоци за политиките на Трамп кон Украина

Министерот за надворешни работи на Франција Жан-Ноел Баро денеска предупреди против носење предвремени заклучоци за идните политики на САД под раководството на Доналд Трамп во врска со војната во Украина, јави ДПА.

Предупредувањето на Баро доаѓа среде некои очекувања дека новата администрација на Трамп би можела да се обиде да склучи мировен договор на штета на украинските интереси.

- Во врска со шпекулациите за можните позиции или иницијативи на новата американска администрација, сметам дека не треба ништо да се прејудицира, изјави Баро на Форумот за мир во Париз, годишен настан за меѓународен дијалог.

- Треба да одвоиме време за да соработуваме со администрацијата, додаде тој, нагласувајќи дека Франција е подготвена да го направи тоа „со амбиција, бидејќи веруваме дека е потребно да ѝ дадеме на Украина средства за да го одбие“ рускиот напад.

Баро додаде дека меѓународната заедница „има премногу да изгуби ако Русија се извлече со пристапот 'моќта е право'".

Вашингтон Пост вчера објави дека Трамп во четвртокот телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, советувајќи го да не ја влошува ситуацијата. Кремљ денеска ја демантираше веста, нарекувајќи ја „целосно лажна информација“.

Во секои идни мировни преговори, „ништо не може да се постигне во врска со Украина без самите Украинци“, нагласи тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Колегите го прашуваат Трпе што и земал на девојката за роденден.
- А бе имаше само 500 денари во новчаникот, да имаше повеќе и тие ќе и ги земев.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на дијабетесот
565.- Умре византискиот цар Јустинијан I ...
1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез,...
1533.- Шпанските освојувачи под командата на...