Администрацијата на Трамп побара список со вработени во ФБИ, се зголемува стравот поради можни нови отпуштања

Администрацијата на Трамп побара од ФБИ список на пробни вработени и индивидуални објаснувања за задржување на секој што бил во бирото помалку од две години, пишува Ен-Би-Си Њуз, додавајќи дека тоа предизвикало стравувања во бирото поради можни нови отпуштања.

Ова доаѓа во време на тековниот спор околу напорите за собирање на имињата на вработените во ФБИ кои работеле на случаите на 6 јануари 2020 година, и откако федералниот судија потпиша договор во петокот со кој се забранува јавно објавување на списокот на вработени во ФБИ кои работеле на големата истрага, која стана најголема во историјата на ФБИ, со повеќе од 1.500 обвинети. За 21 ден од инаугурацијата на Трамп, неговите именувани направија промени во ФБИ со огромна брзина - Трамп масовно ги помилува осудените бунтовници од 6 јануари, додека еден од нив го назначи за главен федерален обвинител во Вашингтон.

Неговата администрација отпушти федерални обвинители кои беа ангажирани да работат на случаите на 6 јануари, а отпуштени беа и вработени во Министерството за правда кои претходно беа во тимот на специјалниот советник Џек Смит, кој го гонеше Трамп.

Шефот на теренската канцеларија на ФБИ во Вашингтон беше сменет, како и највисоките функционери на бирото, а соработник на Илон Маск и други добија водечки улоги во седиштето на бирото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мажот се враќа од службен пат и и вели на жената:
-Замисли ја загубив венчалната бурма.
-Како можеше да ја загубиш?
-Како? Зарем не ти кажав сто пати да ми го сошиеш џебот?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски...
1741.- Роден е Андре Ернест Гретри, француски...
1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски...
1868.- Умре францускиот физичар Жан Бернар Леон...