Кина ќе спроведува „цврст“, а не само „мирен“ пристап во процесот на обединување со Тајван, изјави кинескиот премиер Ли Чианг на отворањето на годишната сесија на 14. Национален народен конгрес во Пекинг.

– Цврсто ќе напредуваме кон обединување на Кина и ќе соработуваме со нашите сонародници од Тајван за големата кауза на кинеското национално подмладување – се наведува во неговиот извештај поднесен пред делегатите во Големата сала на народот.
Кина го смета самоуправувачкиот Тајван за своја територија.
За разлика од минатогодишниот извештај, во кој се спомнуваше „мирен“ пристап, годинава првпат се додава зборот „цврст“ во однос на политиката кон Тајван.
Во документот се наведува и план за демографско подмладување, со цел намалување на просечната старосна граница на населението.
Покрај тоа, најавено е зголемување на воените трошоци за 7,2 проценти и раст на БДП за 5 проценти.