Токио: Безбедносниот договор со САД е реципрочен и неопходен

Главниот секретар на кабинетот на јапонскиот премиер, Јошимаса Хајаши изјави дека Токио има „целосна доверба“ дека САД ќе ги исполнат своите обврски согласно билатералниот безбедносен договор за одбрана на Јапонија. Оваа изјава доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп го доведе во прашање пактот, нарекувајќи го нереципрочен.



Хајаши нагласи дека Јапонија ја гледа алијансата со САД како темел на својата одбрана и дипломатија и дека активно ќе размислува за зајакнување на способностите за одвраќање и реакција во рамки на соработката со Вашингтон.

- Имаме целосна доверба дека САД ќе ги исполнат своите обврски од безбедносниот договор, користејќи ги сите расположливи капацитети, вклучително и нуклеарни, изјави Хајаши на прес-конференција.

Јапонскиот министер за одбрана, Ген Накаатани, го потврди овој став, истакнувајќи дека Токио работи на суштинско зајакнување на своите одбранбени капацитети. Јапонија планира до 2027 година да ја зголеми својата воена потрошувачка на два отсто од БДП.

Јапонските власти ги дадоа овие коментари по изјавата на Трамп, кој наведе дека САД „имаат интересен договор со Јапонија“, според кој, треба да ја заштитуваат Јапонија, додека таа не е обврзана да ги штити САД.

Јапонскиот премиер Шигеру Ишиба ја отфрли оваа теза, нагласувајќи дека билатералниот договор е реципрочен и дека Токио има обврска да биде домаќин на американските воени бази.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1452.- Роден е шпанскиот крал Фердинанд Католички...
1628.- Роден е италијанскиот лекар и ботаничар...
1772.- Роден е германскиот писател Фридрих фон...
1861.- Умре украинскиот писател и сликар Тарас...