Британското Министерство за надворешни работи ги отфрли обвинувањата од Русија, која протера двајца британски дипломати, обвинувајќи ги за шпионажа и саботажа.

-Ова не е првпат Русија да упатува злонамерни и неосновани обвинувања против нашите функционери, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи.
На почетокот на минатиот месец, Лондон ја укина акредитацијата на руски дипломат како одговор на протерувањето на британски дипломат од Москва.
Претставник на британската амбасада бил повикан во руското Министерство за надворешни работи. „Москва нема да толерира активности на непријавени британски разузнавачи на руска територија“, нагласи руското Министерство.