Кина во петок во Пекинг ќе разговара со Русија и Иран за „иранското нуклеарно прашање“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.

Кинескиот заменик-министер за надворешни работи Ма Жаосу ќе претседава со состанокот, додаде Министерството.
Кинеското Министерство за надворешни работи вети и дека Пекинг ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на своите права и интереси откако американскиот претседател Доналд Трамп ги зголеми царините за увоз на челик и алуминиум.
- Активностите на САД ги прекршуваат правилата на Светската трговска организација, изјави портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нин.