Трамп нема намера да ги ублажува царините за челик и алуминиум

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „нема намера“ да ги ублажи царините од 25 отсто наметнати на американските трговски партнери за челик и алуминиум.

„Не, немам намера да го сторам тоа“, одговори Трамп синоќа на новинарско прашање дали ќе одобри ослободувања од тарифите.

Од минатата недела на сила се царини од 25 отсто за челик и алуминиум, со цел да се заштити американската челична индустрија, која се соочува со зголемена конкуренција.

Трамп планира да воведе таканаречени „реципрочни“ царини за сите трговски партнери на неговата земја почнувајќи од 2 април.

Тогаш треба да стапат на сила царините од 25 отсто за мексиканските и канадските производи, кои беа привремено суспендирани на почетокот на март.

„Втори април е ден на ослободување на нашата земја. Милијарди долари веќе дојдоа во нашата земја, а од 2 април ќе ги има уште повеќе“, рече Трамп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Келнер, има мртва бубамара во мојава супа!
- Точно, господине. Не ги бива многу за пливање.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на водата
1312.- Ватикан го распушти монашкиот витешки ред...
1599.- Роден е фламанскиот сликар Антон Ван...
1687.- Умре францускиот композитор, виолинист,...