Туристичка подморница потона во близина на Хургада

Се стравува дека најмалку шест лица го загубиле животот, а девет се повредени во несреќа со туристичка подморница што утрината потона во Црвеното Море во близина на египетското летувалиште Хургада, јавува Би-Би-Си, повикувајќи се на локални извори. Меѓу повредените четири лица се во критична состојба, а 29 патници се спасени и пренесени во блиските болници. Како што потврдија од Руската амбасада во Каиро, сите туристи на подморницата биле Руси.



Хургада е популарна туристичка дестинација позната по плажите и коралните гребени.

Се претпоставува дека во моментот на несреќата во подморницата имало околу 40 туристи. Според информациите на дописниците на Би-Би-Си од Каиро, подморницата била наречена Синдбад и потонала во близина на пристаништето Хургада.

Подморницата Синдбад со години превезува туристи да го истражуваат подводниот свет на Црвеното Море, а според веб-страницата на компанијата што управува со неа, таа е една од само 14-те вистински туристички подморници во светот. Таа може да прими најмногу 44 патници и се спушта на длабочина од 25 метри, нудејќи поглед на околу 500 метри корален гребен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1135.- Роден е еврејскиот филозоф, лекар,...
1746.- Во Фуентетодос, Арагонија, е роден...
1842.- Американскиот лекар Крофорд Лонг прв при...
1844.- Во Метз е роден Пол Верлен, француски...