Кина: Американските царини се економска „злоупотреба“

Заканите и притисокот не се начин за справување со Кина, изјави денеса портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, опишувајќи ги царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп за Кина како навредливи.



Царините се „типичен унилатерализам и протекционизам, економска злоупотреба“, рече Лин Џијан за време на редовна прес-конференција. Тој додаде дека американските царини во име на реципроцитет всушност им служат само на САД на сметка на другите земји.

Минатата недела Трамп воведе нови царини од 34 отсто на кинескиот увоз, како дел од мерките што ги воведе на повеќето американски трговски партнери. Ова го зголеми вкупното ниво на царини за кинески стоки на 54 отсто, а Пекинг одговори со контрамерки.

Лин го пренасочи прашањето за потенцијалните преговори со САД на други кинески владини тела.

- Американската злоупотреба со царините ги лишува земјите, особено оние на глобалниот југ, од нивното право на развој, рече Лин, истакнувајќи ја се поголемата нееднаквост меѓу богатите и сиромашните во секоја земја и особеното влијание на царините врз посиромашните земји.

Сите земји треба да се држат до консултации, заедничко одлучување и „вистинска мултилатералност“, рече портпаролот.

Тој ги повика земјите заеднички да се спротивстават на сите форми на унилатерализам и протекционизам и да го заштитат меѓународниот систем и мултилатералната трговија засновани на вредностите на Обединетите нации и Светската здравствена организација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со остатоци од кашест снег на...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на Ромите
217.- Убиен е римскиот цар Септимиј Базијан...
1513.- Хуан Понсе де Леон ја откри Флорида и ја...
1692.- Роден е италијанскиот виолински виртуоз и...