|
|
|
„Земунците“ посетувале гатачи и бајачиГатач кој ги „растурал магиите“ за припадници на „земунскиот клан“ и за командантите на Единицата за специјални операции е извесен Миќа од Барајево, дознава „Курир“.
Всушност, заштитениот сведок Дејан Миленковиќ, на сведочењето изјавил дека некој гатач ја посетувал „Шилерова“, ги растурал магиите за Душан Спасојевиќ, Милорад Улемек - Легија и за Душан Марилиќ - Гумар.
Гатачот Миќа, не само што наминувал во „Шилерова“, туку според тврдењето на соговорникот на „Курир“, кој и самиот одел на сеанси во Барајево, Душан Спасојевиќ и Миле Луковиќ, но и останатите припадници на „земунскиот клан“, во повеќе наврати доаѓале кај овој волшебник.
Миленковиќ на сведочењето во Специјалниот суд, овој гатач го опишал како групен висок маж и навел дека го видел неколку пати. Она што не го споменал за време на сведочењето е дека самиот Багзи неколку пати го посетил тој гатач, а еднаш дури “на преглед“ го однел и своето дете!
- Багзи кај Миќа го водел еден од своите двајца синови, и тоа кога малиот имал осум-девет години. Детето се плашело во сон и таткото го одвел за Миќа да му го „растури стравот“. Тоа го прават речиси сите волшебници и гатачи, а магијата се состои во фрлање олово во вода над главата на детето, појаснува соговорникот на весникот.
- Кај Миќа редовно одев две години и имав можност неколку пати да се сретнам со „земунците“. Во една прилика видов дека го донесоа и Милорад Улемек - Легија. Миќа, инаку, се занимава само со бела магија и е видовит, објаснува соговорникот, кој од разбирливи причини инсистира на анонимност. Тој прераскажа како изгледа една од сеансите кај „докторот“ Миќа.
- Тој прво ќе ве погледне и ќе ви рече да седнете, потоа ги отвора тарот картите и гледа во нив. Целото време на сеансата молчи. Кога ќе заврши со гледањето, доколку утврди дека ви е фрлена црна магија, тој ќе прочита некои молитви и кажува дека магијата ќе биде растурена. Исто така, на секого му дава упатства како да се однесува и што да прави за да може постапката да успее. Што им кажувал на „земунците“, навистина незнам, затоа што е за секој индивидуално. Зависи од проблемот што го имате, посочува соговорникот на „Курир“, дополнувајќи дека Миќа е доста моќен и оти неговите сеанси се навистина успешни.
- Нема нешто што Миќа не може да го реши, кога е во прашање црна магија. Знам за многу случаи, кога луѓето биле на работ на животот заради гатање, а тој им помогнал. Навистина е чудотворец, па затоа и не ме чуди што „земунците“ и Легија доаѓаа кај него, констатира тој.
Соговорникот на „Курир“ додава дека кај Миќа слушнал дека „земунците“ главно доаѓале за да им се растури црна магија, но и да им направи амајлии кои ќе ги чуваат.
- Тој гатач или бајач во „Шилерова“ беше висок, крупен човек. Знам дека растураше магии од поранешниот командант на Единицата за специјални операции Душан Маричиќ Гумар и за водачот на „земунскиот клан“ Душан Спасојевиќ, а јас еднаш го возев и кај првообвинетиот Милорад Улемек - Легија дома, изјави сведокот соработник на Дејан Миланковиќ - Багзи во своето сведочење.
Курир - Белград
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето. - Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите... |
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...
|
|
|
|
Хороскоп |
|
|
|
|