Поставен камен-темелник на млекарницата Swedmilk Makedonija

Скопје, 27 декември (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска во Општина Илинден со поставување камен-темелник и официјално го означи почетокот на изградбата на новата млекарница „Swedmilk Makedonija“ што се очекува да почне со производство напролет.

Станува збор за шведска инвестиција која во првата фаза ќе изнесува 15 милиони евра - средства наменети за изградба на фабрика со површина од 6.600 метри квадратни, како и за инсталирање најсовремена технологија за преработка на млеко.

- Секоја година Македонија се соочува со млечна криза и тоа е проблем на илјадници земјоделци. Токму затоа ни е потребна ваква млекарница, рече Груевски најавувајќи и други странски инвестиции од ваков карактер.

Според директорот на „Swedmilk Makedonija“ Роџер Оскарсон, Шведска инвестира во Македонија зашто во неа гледа јасно дефинирани деловни можности. - Нашата цел е да го замениме увозот со домашно македонско млеко, истакна Оскарсон.

Амбасадорот на Шведска во Македонија Урлика Кроненберг - Мосберг напомена дека со проектот практично се реализира првичната идеја македонските потрошувачи да купуваат квалитетно домашно млеко и млечни производи од македонско потекло. Кроненберг - Мосберг рече дека „Swedmilk Makedonija“ е и најголема шведска инвестиција во земјава.

„Swedmilk Makedonija“ е директна странска инвестиција со мнозински шведски капитал. Еден од акционерите со речиси 30 отсто учество во сопственоста е Swedfund - комерцијален инвестициски фонд на шведската Влада. Се планира во млекарницата да бидат вработени над 100 лица, а инсталираниот капацитет за дневна преработка да изнесува 250 тони млеко. Од почетокот на своето работење „Swedmilk Makedonija“ ќе откупува дневно по 50 тони млеко од домашните фармери.

Новата млекарница ќе произведува комплетна програма на течни млечни производи што ќе ги задоволуваат најстрогите европски стандарди за квалитет. Производите ќе бидат наменети пред се за потребите на домашниот пазар, но и за пазарите во соседството.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1262.- Силите на кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1321.- Умре италијанскиот писател, филозоф и...
1523.- Умре папата Адријан VI, единствен...
1547.- Роден е холандскиот државник Јохан фан...