Австриска фирма ќе стопанисува со комуналниот отпад во Струмичко

Струмица, 14 февруари (МИА) - Претставниците на австриската фирма „Заубермахер“, кои деновиве престојуваа во работна посета на Струмица, изразија оптимизам дека по освојувањето на словенечкиот ќе влезат и во македонскиот комунален бизнис.

На средбите со градоначалниците на општините Струмица, Ново Село, Босилово и Василево, кои неодамна покренаа заедничка иницијатива оваа фирма да го собира, транспортира и преработува сметот во Струмичкиот регион, Австријците изразија целосна подготвеност да го преземат стопанисувањето во оваа област и да инвестираат во изградба на фабрика за рециклирање на комуналниот отпад.

- Досегашните позитивни искуства на повеќе општини од Република Словенија во соработката со „Заубермахер“ се надеваме дека успешно ќе ги примениме и кај нас и дека конечно и во Струмичко целосно ќе го решиме прашањето со комуналниот отпад, што ќе значи голем исчекор во напорите за надминување на натрупаните еколошки проблеми, а за доброто на сите граѓани, изјави за МИА градоначалникот на Општина Струмица Зоран Заев.

Во врска со иницијативата за регионален пристап кон прашањето за стопанисување со комуналниот отпад засега постои заедничка согласност на сите политички партии, а до крајот на март се очекува за понудата на Австријците позитивно да се изјаснат и советите на четирите општини од регионот.

- Сега сме во фаза на изнаоѓање модел како фирмата „Заубермахер“ најрационално да го опфати собирањето и транспортот на комуналниот отпад во целиот регион и колку тоа ќе ги чини граѓаните. Извесни тешкотии очекуваме во населените места каде што сметот не се собира организирано и граѓаните досега не издвојувале средства за таа намена. Но, се надеваме дека еколошката свест на повеќето наши сограѓани е на задоволително ниво и дека на крајот ќе надвладее разумот за почиста и поздрава животна средина, вели градоначалникот на Општина Босилово Ѓорги Манушев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...