Српската Агенција за електронски медиуми со препорака да не се емитуваат програми со јасновидци, гатачи и астролози

Белград, 21 март (МИА) - Српската Агенција за електронски медиуми побара од телевизиите и од радијата да ги тргнат програмите во кои учествуваат јасновидци и астролози, заканувајќи се дека може да им ги укине лиценците на оние медиуми кои емитуваат такви програми.

Препораката има необврзувачки карактер, но Агенцијата најави дека ќе го преиспита прашањето при издавањето или продолжувањето на лиценците за медиумите.

Програмите кои директно се емитуваат за пророштва и хороскопи се многу популарни во Србија, но ретко се предупредува дека импулсите на телефонските броеви за врска, за оние кои сакаат да ја дознаат својата иднина се доста скапи.

 - Таквите програми не можат да бидат оценети како законска дејност се додека вклучуваат финансиска злоупотреба која е очигледна, посочи Агенцијата за електронски медиуми, појаснувајќи дека цената за минута телефонски разговор во таква емисија во Србија е најмалку 90 евроценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Туристички водач им се обраќа на патниците во комбето.
- Е па господо, комбито вози само до тука, понатаму можат само коњи и магариња, па најљубезно би ве замолил да продолжите...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X...
1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во...
1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола,...
1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна...