Струмица најеколошка општина во државата

Струмица, 22 март (МИА)  - Општина Струмица ја доби втората награда за достигнување  во заштитата и унапредувањето на животната средина за 2006 година што ја доделува Министерството за животна средина и просторно планирање, а прва меѓу општините.

Ова признание на Струмица и беше доделено за реализација на повеќе еколошки проекти  спроведени во текот на минатата година во соработка со еколошкото друштво „Планетум“.

- Како струмичани можеме да се гордееме со оваа награда. Но, и не само со неа. Горди сме што Струмица е еден од најчистите градови во Републикава, за што придонесоа повеќето акции  за чистење на улиците, парковите, пороите,  дворовите и другите јавни површини што досега во повеќе наврати ги организираше Општината заедно со комуналното претпријатие „Комуналец“, подружницата на Македонски шуми - Беласица, еколошките друштва, училиштата и со учество на голем број граѓани, изјави за МИА градоначалникот на Струмица Зоран Заев.

Досега во оваа општина  се исчистени коритата на реките Струмица, Тракања, Водочница, пороите Свети Илија и Крушевска република, како и повеќе одводни канали и други помали порои во вкупна должина од околу 50 километри. За таа намена се потрошени  десетици милиони денари, а во акциите, покрај механизација од локалните претпријатија, учестуваа невработени лица кои добиваат социјална помош.

Деновиве се во тек уште две акции за комплетно хортикултурно уредување на булеварот „Маршал Тито“ и за преуредување на Градскиот парк, за што ЈПК  и Општината, како што најавуваат, ќе вложат значителни средства.

Инаку, првата награда од Министерството ја доби средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје за проектот „Управување со отпад, собирање стара хартија, а третонаградена е Општина Центар за проектот „Изградба на еколошки зони - хортикултурни оази“. Наградите вчера во Скопје ги врачи министерот за животна средина и просторно планирање Џелил Бајрами.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Келнер, едно слободно место покрај прозорот ве молам... На масата да има вазна со свежо цвеќе... Внимавајте, супата не смее да биде ни ладна ни топла, би сакал и едно пиво од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1572.- Холанѓаните почнаа војна за независност од...
1697.- Роден е францускиот писател Опат Прево,...
1791.- Убиен е францускиот политичар и писател...
1809.- Роден е рускиот писател Николај Васиљевич...