Струмичкиот зелен пазар ќе се врати на старото место, тврди градоначалникот Заев

Струмица, 26 март (МИА) - Изградбата на струмичкиот пазар за земјоделски и сточарски производи, кој ќе го задржи само ориенталното име, бидејќи е проектиран според сите европски стандарди, се одвива побрзо од предвидените рокови и тој ќе биде вратен на старото место најверојатно уште во текот на летото.

- Повеќе време во Струмица кружат разни инсинуации дека зелениот пазар нема воопшто да биде вратен на старото место. Ги уверувам граѓаните дека пазарот во најмодерна варијанта ќе биде вратен таму каде што си беше порано, односно во приземјето на новиот деловен центар, на покриена површина од три илјади квадратни метри, изјави за МИА градоначалникот на Струмица Зоран Заев. 

Тој додаде дека продажните штандови, односно тезгите, но сега под целосно покриен простор,  ќе бидат распоредени според проектот.

- Моментално се поставува водоводната и канализациската мрежа, а се изработуваат и конструкциите за фасадниот дел на пазарот,  така што веќе ја гледаме завршницата на овој најсовремен комунален објект на Балканот, кој ќе биде привлечен не само за струмичките, туку и за трговците од регионот и пошироко, истакна Заев.

Во врска со сомневањето околу сопственичките односи, градоначалникот на Струмица уште еднаш потврди дека градскиот зелен пазар продолжува да биде сопственост на општина Струмица која ги обезбеди сите просторни и инфраструктурни основи, а со него, како и досега, ќе управува локалното јавно претпријатие „Комуналец“, додека со деловниот центар ќе стопанисува соинвеститорот што легално беше избран во тендерската процедура, односно „Делук инженеринг“ од Струмица.

Со целосното заокружување на новиот деловен центар, чија што изградба ќе чини околу 16 милиони евра, ќе се добијат и пет илјади квадратни метри продажен простор, како и катно паркиралиште за триста возила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...