Објавен оглас за јавно наддавање за продажба на државното земјиште за проектот „Сончев град“

Скопје, 5 април (МИА) - Во домашните печатени медиуми и меѓународниот дневен весник Financial Times денеска е  објавен оглас за јавно наддавање за продажба на градежно државно земјиште на локалитетот „Сончев град“ во село Сопиште, предвидено за изградба на модерна, урбана и еколошка резиденцијална  населба со највисоки стандарди.

Проектот „Сончев град“ денеска на прес-конференција ќе го презентираат премиерот Никола Груевски и министрите за транспорт и врски и за странски инвестиции Миле Јанакиески и Веле Самак.

Вкупната површина на земјиштето кое е предмет на продажба изнесува 636.459, 48 метри квадратни. Јавното наддавање се однесува на целата површина односно не може да се учествува за поединечни парцели.

Предмет на јавното наддавање се 603 градежни парцели со намена за семејно домување, со површина од 563.186,29 метри квадратни, 11 градежни парцели со намена за домување -терасести структури со површина од 48.481,43 метри квадратни и две градежни парцели за изградба на спортски терени, со површина од 24.809,75 метри квадратни.

Заинтерсираните физички и правни лица за учество на јавното наддавње треба да поседуваат и до Комисијата за јавно наддавање да достават референтна листа за веќе изградени објекти од таков тип и обем, да достават докази за техничка способност на понудувачот, да имаат миниум 1.500 вработени лица, што ќе го докажат со листа за исплатени плати. Заинтерсираните за јавното наддавње треба да имаат годишен обрт на капитал од најмалку 100 милиони евра и да приложат банкарска гаранција  во износ од три милиони евра издадена од реномирана банка со добра класификација и со најмалку „Б“ кредитен рејтинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како ќе познаеш дека плавуша возела кола?
- Има кондом на мењачот.

* * *
- Зошто плавуша не може да положи возачки испит?
- Секогаш кога инструкторот ќе рече паркирај,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
69.- Приврзаниците на Тит Флавиј Веспазијан, кој...
1639.- Роден е францускиот писател Жан Расин,...
1666.- Умре италијанскиот сликар Гверчино,...
1790.- Руските трупи под командата на Александар...