Почна изградбата на пат од Мариово до селото Манастир

Прилеп, 20 јуни (МИА) - Во Мариово денеска почна изградбата на пат од три километри до селото Манастир кое во последно време се споменува како место за развој на еко туризмот.

За изградба на патот, локалната самоуправа на Прилеп обезбеди 310 илјади евра од Европската агенција за реконструкција, преку КАРДС програмата.

Изведувач на работите наредните пет месеци на патот долг три километри, а широк 3,5 метри, ќе биде градежното претпријатие „Маврово“.

- Ова е првата фаза од проектот за заживување на овој дел на Мариово. По изградбата на патот мешовитата финско-македонска фирма „Лајф стајл“ ќе почне со адаптација на двете згради во селото - некогашната општинска и зградата на поранешното училиште што ги доби од прилепската локална самоуправа, вели градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески.

Со ова и со подарувањето куќи на амбасадите во Македонија, како и со изградбата на браните Чебрен и Галиште на Црна Река се очекува Мариово, најненаселената област во државата, да заживее, вели Ристески.

Во селото Манастир денес живеат две брачни двојки стари луѓе, а поранешните жители, претежно иселени во Прилеп, на изградбата на патот гледаат нов почеток за заживување на селото и развој на туризмот во оваа еколошка област.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Келнер, едно слободно место покрај прозорот ве молам... На масата да има вазна со свежо цвеќе... Внимавајте, супата не смее да биде ни ладна ни топла, би сакал и едно пиво од...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1572.- Холанѓаните почнаа војна за независност од...
1697.- Роден е францускиот писател Опат Прево,...
1791.- Убиен е францускиот политичар и писател...
1809.- Роден е рускиот писател Николај Васиљевич...