Бесплатни прегледи за граѓаните

Скопје, 2 јули (МИА) - Министерството за здравство денеска со отворањето пунктови во Скопје, Неготино, Тетово и Штип, како и во селата Боговиње, Карбинци и Пепелишта, официјално ја почна кампањата „Здравје за сите“ во рамките на која ќе бидат организирани бесплатни лекарски прегледи за граѓаните.

Министерот за здравство Имер Селмани, кој го посети пунктот на плоштадот „Македонија“ во Скопје, оцени дека одзивот на граѓаните на првиот ден е импресивен, и оти е убеден дека кампањата што ќе трае четири месеци и ќе опфати повеќе населени места ќе резултира со подигнување на здравствената култура на граѓаните.

- Во кампањата се вклучени сите здравствени домови и заводи за здравствена заштита со преку 65 тима. Со кампањата очекуваме да бидат опфатени околу 45 илјади граѓани, а доколку интересот на граѓаните е голем тогаш ќе има предлог камањата да продолжи и понатаму, рече Селмани.

Кампањата, која се одвива под мотото „Навремено контролирајте го вашето здравје, информирајте се за здравиот начин на живот“ на пунктовите во различните населени места во земјава на граѓаните ќе им овозможи бесплатен лекарски преглед, мерење крвен притисок, телесна тежина и висина, индекс на телесна маса, одредување шеќер и маснотии во крвта, како и совети за грижа за здравјето, начинот на исхрана и заштитата од високите температури.

Во наредните четри месеци, секој ден од осум до 20 часот, бесплатната лекарска услуга ќе им биде достапна на жителите во различни места од Македонија. Од изутрината до 11:30 часот на пунктот на плоштадот „Македонија“ прегледани се околу 200 граѓани.

Кампањата е финансирана од буџетот и е во вредност од 100 илјади евра, наменети само за потрошниот медицински материјал.

Министерот Селмани, одговорајќи на новинарски прашања дали Владата менува член од законот за лекови во врска со висината на маржите, рече дека не станува збор за промена на член туку дека Владата на Република Македонија како предлагач одлучи оти треба да се остави можност во рамките на дефинирање на маржите самиот производител, односно увозник да ја определи маржата.

- Производителот од влегувањето во сила на законот, за 30 дена треба да пријави големопродажна и малопродажна цена за сите негови производи. Тие цени што ќе бидат одобрени од страна на Министерството, ќе бидат единствени цени што ќе важат секаде во Македонија. Со ова воведуваме ред и ги ограничуваме можностите некој да заработува на незаконски начин, рече Селмани.

Запрашан дали во комисиите при Фондот за здравство е вклучен приватен педијатар кој може да влијае на донесувањето одлуки, министерот Селмани објасни дека Фондот има формирано комисии во кои членувањето на лекари од Клинички центар не е правило, кога се донесуваат одлуки за упатување пацинети на лекување во странство. Тој додаде дека во делот на кардиохирургијата, во Комисијата има претставник од болницата Филип Втори која има овластување за операциии на срце на деца, за што има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...