
Вашингтон, 17 февруари (МИА) - САД го определија денеска како демократски референдумот во Венецуела одржан во неделата, кој му овозможи на претседателот Уго Чавес да има неограничен број мандати.
Портпаролот на Стејт департментот Гордон Дагуиг соопшти за добиени информации за закани за време на референдумот. - Изборниот процес во поголем дел меѓутоа беше во целосна согласност со демократските норми, истакна во исто време тој.
При преброени 94 проценти од гласовите, 54 проценти од гласачите ги одобриле измените во уставот, што ќе му овозможат на претседателот и на други раководители на изборни должности да ги заземаат соодветните функции неограничен број мандати.
На прашањето дали тој резултат е добредојден за САД, портпаролот на Стејт департментот одговори дека тоа е внатрешно прашање на Венецуела.