Тајпеј, 18 август (МИА) - Заменик министерот за надворешни работи на Тајван Ендрју Ксија поднесе оставка заради првичното откажување на странската помош по последиците од тајфунот Моракот, соопшти весникот „Јунајтед дејли њуз“.
Дипломатот вчера поднесе оставка, преземајќи ја одговорноста за инструкцијата на Министерството за надворешни работи до тајванските амбасади и претставништва во странство да ги отфрлат понудите за помош.
Оваа одлука на власта доведе до забавување на спасувачките операции и до повеќе жртви.
Во последен момент министерството ја промени својата политиката кон помошта од странство и над 60 земји подарија околу два милиона американски долари и хуманитарна помош.
До вчера официјалниот број на загинати од тајфунот Моракот изнесуваше 126, додека 60 се уште се водат како исчезнати, а 45 се повредени.