Најмалку 80 лица загинаа во бомбашки напад во Пешавар

Пешавар, 28 октомври (МИА) - Најмалку 80 лица загинаа, а околу сто се ранети во напад со автомобил-бомба на фреквентен пазар во градот Пешавар, во северозападниот дел на Пакистан.

Повеќето од загинатите се жени и деца.

Бројот на жртвите продолжува да се зголемува, изјави Сахиб Гул, лекар во централната градска болница.

Експлозијата, која одекна во стариот дел на градот, предизвика пожар, кој ги зафати соседните згради, а неколку објекти, меѓу кои и една џамија, претрпеа сериозна материјална штета.

Нападот беше извршен неколку часа, откако американскиот државен секретар Хилари Клинтон пристигна во посета на Пакистан со ветување за нов почеток во односите.

Пакистан е во состојба на зголемена готовност, откако воената операција против талибанците и нивните сојузници во областа Јужен Вазиристан предизвика серија повратни напади во целата држава. Повеќе од 150 лица се убиени изминатите недели во нападите на екстремистите врз зградата на Обединетите нации, штаб на армијата и други објекти.

Воената офанзива почна на 17 октомври, а пакистанската армија тврди дека борбата против талибанците и бунтовниците од Ал Каеда досега е успешна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одат маж и жена во продавница и жената се фатила за некој фустан. Мажот пак незаинтересиран и вели:
- Ај мори жено, остај го фустанов, гледај каква си, како комбајн.
Си отишле...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1571.- Во Вајл, Германија, е роден Јохан Кеплер,...
1585. - Во Париз умре Пјер Ронсар, француски...
1822. - Во Дол е роден Луј Пастер, француски...
1831.- Англискот научник Чарлс Дарвин ја започна...