Деблокирани стратешките резерви на тамифлу во САДВашингтон, 31 октомври (МИА) - Американските здравствени власти ги деблокираа сите стратешки резерви на тамифлу, со цел да се вакцинираат децата, како одговор на недостигот на против-вирусно средство, ефикасно против новиот грип од типот А (H1N1).
Федералната Влада, потврдувајќи го недостигот на препарати во некои американски региони, ги деблокира 234-те илјади дози течен препарат, што е вкупното количество во стратешките национални резерви, изјави д-р Томас Фриден, директор на Федералниот центар за контрола и превенција на болестите.
Тој на прес-конференција нагласи дека 300 илјади кутии тамифлу за возрасните веќе се повлечени од стратешките резерви на 1 октомври, со цел да се задоволи побарувачката.
Новиот грип, кој е широко распространет во 48 од 50 американски сојузни држави, продолжува да ги погодува најмладите и децата, додаде Фриден.
Клините ширум САД се соочуваат со недостиг на вакцини. Првобитниот план беше да се вакцинира секое дете, кое посетува основно училиште, со согласност на родителите.
Координаторката за нега Робин Валис од основното училиште во Александрија, во околината на Вашингтон, изјави дека сега на родителите мора да им соопшти дека само децата од градинка до прво одделение можат да да добијат вакцината.
- Најголемиот проблем е тоа што не ја добивме количината, која ја очекувавме, рече Валис.
Здравствените работици појаснуваат дека вакцината за новиот грип споро созрева и оти тоа создава застој во нејзиното производство.
Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс изјави дека претседателот Барак Обама е мошне загрижен поради забавувањето на доставувањето на вакцините против новиот грип.
Населението на САД досега добило 26,2 милиони дози, што е само една четвртина од количината, која ја вети Владата.
Според најновите податоци од новиот грип во САД починале над илјада лица, вклучувајќи околу сто деца и млади лица. Над 20 илјади лица биле хоспитализирани поради новиот грип.
|