
Порт-о-Пренс, 5 февруари (МИА) - Бројот на загинатите во земјотресот на Хаити достигна 212.000 луѓе, изјави премиерот Жан-Макс Белрив, повикувајќи се на последните податоци.
Тој наведе дека со таа бројка не се опфатени загинатите, чии тела се уште се наоѓаат под урнатините на зградите, како и оние жртви кои биле погребани од нивните роднини.
Земјотресот со интензитет од седум степени по Рихтеровата скала го погоди Хаити на 12 јануари.