Хронологија на размената на шпиони меѓу Русија и САД

Москва, 9 јули 2010 (МИА) - Размената на шпиони е обична пракса, но по правило не се објавува во јавност, соопштија западните медиуми по повод денешната размена на на уапсени лица по обвинение за шпионажа меѓу Русија и САД.

Познати се само неколку вакви случаи.

На пример на 10 февруари 1962 година советскиот разузнавач Вилјам Фишер (познат како Рудолф Абел), кој е уапсен во 1957 година во Њујорк, е разменет за американскиот пилот Франсис Пауерс, чиј разузнавачки авион ЈУ-2 бил урнат над Урал на 1 мај 1960 година. Размената е извршена на мостот Глиникер-Бруке на границата на Западен Берлин и Источна Германија, кој подоцна станал познат како „Мостот на шпионите“.

На 11 октомври 1963 година уапсените разузнавачи во Советскиот сојуз Марвин Макинен и Валтер Чишек се разменети за советските агенти Иван и Александар Егорови.

На 18 декември 1976 година на аеродромот во Цирих разменет е дисидентот Владимир Буковски за генералниот секретар на чилеанската комунистичка партија Луис Корвалан.

На 27 април 1979 година советските власти ослободиле од затвор и ги испратиле во САД петмина дисиденти - Едвард Кузнецов, Марк Димшиц, Александар Гинсбург, Валентин Мороз и Георгиј Винс во замена за двајцата разузнавачи Валдик Енгер и Рудолф Чернаев.

На 12 јуни 1985 година на мостот Глиникер-Бруке е извршена размена на 23 агенти на ЦИА, уапсени во различни држави од Источниот Блок, за четворица агенти на КГБ.

На 11 февруари 1986 година на истиот мост се разменети девет лица. СССР го ослободи дисидентот Натан Шарански и тројца наводни агенти на западни разузнавачки служби во замена за уапсените во Њујорк брачната двојка Карл и Хана Кехер (соработници на чехословачкото разузнавање), советскиот разузнувач Евгениј Землаков, полскиот државјанин Јежи Качмарек и Германецот Детлеф Шарфенорт.

Меѓу 28 септември и 5 октомври 1086 година, во замена за уапсениот во САД службеник во постојаното претставништво на СССР во ОН, Генадиј Захаров, Американците ги добија шефот на дописничката редакција на списанието „Ју Ес њуз ворлд рипорт“ во Москва Николас Данилоф, уапсен под сомнение за шпионажа, како и основачот на Московската хелсиншка група Јуриј Орлов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1751.- Роден е англискиот писател и политичар од...
1762.- Роден е францускиот писател Андре де...
1830.- Умре српскиот писател Петар I Петровиќ...
1839.- Роден е францускиот сликар од англиско...