Размената на шпиони меѓу САД и Русија била договорена од шефовите на службите за внатрешно разузнавање на двете земјиРазмената на шпиони која денеска беше извршена во Виена била договорена на највисоко ниво, од раководителите на руската и американската служба за внатрешно разузнавање, објави весникот „Волстрит џурнал“.
Преговорите се воделе меѓу директорот на ЦИА Лион Панета и висок претставник на руската Федерална служба за безбедност, потврдува весникот, цитирајќи извори блиски на случајот.
Десетмина тајни агенти (девет Руси и една Перуанка) кои потврдија дека работеле за Русија, вчера во Њујорк признаа дека се виновни и беа екстрадирани од САД. Во Виена денеска тие беа разменети за четворица шпиони, кои беа ослободени од Москва.
Подоцна рускиот авион, со 10-те шпиони, слета на московскиот аеродром „Домодедово“, додека изнајмениот авион од американската Влада, во кој се наоѓале четворицата агенти ослободени од Москва, се приземји во кралската воено воздухопловна база во Брајз Нортн во Оксфоршр, Централна Англија. Неговата крајна дестинација засега е непозната.
|