„Гардијан“: Ирачаните не се задоволни од повлекувањето на aмериканските војници

Лондон, 31 август 2010 (МИА) - Ирачката јавност и луѓето во Ирак не се задоволни со решението на Вашингтон за повлекување на американските војници од борбените операции, како и со целосното повлекување од нивната земја, пишува лондонски „Гардијан“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот тврди дека Ирачаните се загрижени за ситуацијата што ќе настане во Ирак по заминувањето на војската на САД, затоа што и по неколку месеци од изборите во Багдад се уште нема Влада, а бројот на жртвите од терористичкото насилство во изминатите два месеци е најголемо во последните две години,.

Бројот на американските војници во Ирак е намален за речиси две третини откако Барак Обама е избран за претседател, но според „Гардијан“, причината за забрзаното заминување на американците од ирачката територија се должи на забрзаното опаѓање на рејтингот на претседателот на САД.

Последните анкети откриваат дека поддршката за Обама сега е под 50 отсто, додека прогнозите најавуваат пораз на неговата Демократската партија на ноемвриските избори за американскиот Конгрес, па затоа во Вашингтон се настојува да се обезбеди некаков успех на меѓународната сцена, што би помогнало за запирање на падот на популарноста на претседателот.

Стејт департментот и американското Министерство за одбрана затоа последнве месеци вложуваат големи напори за да го прикажат Ирак во позитивно светло, иако Ирачаните не веруваат во тврдењето на САД дека насилството во нивната земја е намалено, констатира лондонскиот весник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден ден се изгуби жената на поглаварот и ние ја најдовме. Тој ни даде да и се качиме по еднаш. Другиот ден се изгуби жената на врачот, ние ја најдовме и тој ни даде да и се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози на повисоките и претежно суви коловози на пониските места. Намалена видливост...
Верски календар
На денешен ден
1443.- Роден е италијанскиот свештеник Џулијано...
1560.- Умре францускиот крал Франсоа Втори, кој...
1771.- Во Падова умре Џовани Батиста Моргањи,...
1791.- Во Виена умре Волфганг Амадеус Моцарт,...