Одлуката за судбината на Иран зависи од исходот на судирите меѓу двете струи во Америка

Случувањата околу Иран почнуваат да личат на мексиканска сапуница. Американците и Англичаните никако не можат да дојдат до решение дали и кога ќе се бомбардира Иран. Израел станува нервозен до таа мера и премиерот Нетанјаху најавува дека на крај, ако другите се откажат, тие сами ќе почнат „превентивно“ бомбардирање на нуклеарните постројки во Иран.

Што навистина се случува таму?

Геостратешки гледано Иран е една од најважните држави на Блискиот исток. Оваа исламска република која има повеќемилениумска традиција се состои од 70 милиони главно шиитски муслимани и ужива голем респект во целиот исламски свет. Иран е една од најважните земји во т.н. појас меѓу сверите на влијание на Русија и Англо-Американците. Не е случајно што во 1943 година познатата конференција на тројцата лидери била одржана токму во Техеран.

Значението на Иран пропорционално расте со растот на глобалната побарувачка за енергенси, за кое најмногу придонесува и понатаму застрашувачката кинеска стапка на раст. Во Иран се наоѓаат огромни резерви на гас. Многумина тврдат дека целиот западен проект на гасоводот „Набуко“ зависи токму од овие резерви, па поради тоа зголеменото присуство на Американците на тие простори во последната деценија се толкува како потреба да се стави под директна контрола еден од најбогатите енергетски региони во светот.

Меѓутоа, Иран со години работи на освојување на нуклеарната технологија. Иако во Техеран инсистираат на фактот дека се тоа се одвива во мирнодопски цели, досегашните искуства покажуваат дека потребно е само мал чекор до премин на воена употреба. А кога тоа ќе се случи, Северна Кореја тоа добро го илустрира, таква држава стекнува целосен суверенитет и секоја вооружена акција апсолутно станува исклучена. По инсталирањето на нуклеарно оружје Иран ќе стане воено недопирлива и од друга страна би била една од најдоминантните сили во овој важен регион.

Владите на Израел, САД и Британија повеќе пати истакнуваат дека таквиот развој на настаните е неприфатлив. Поради тоа со години се обидуваат преку меѓународни организации и глобалното јавно мнение да извршат притисок на Иран, да престане со развојот на нуклеарната технологија, или во целост да ги отвори своите постројки за надзор од страна на ОН. Бидејќи владата во Иран не сака во целост да ги исполни тие барања, минатата пролет за Иран се воведе нов пакет економски санкции. Претседателот Ахмадинеџад на тоа одговори обвинувајќи ги Американците дека самите ги режирале настаните од 11 септември.

Според некои извори, плановите за напад на Иран биле направени уште пред 4-5 години и оваа опција очигледно цело време е на маса. Меѓутоа, настаните околу минатогодишните предвремени избори за претседател на Иран, покажа дека западњаците се обиделе проблемот да го решат со еден вид обоена револуција, какви што се случуваа порано во Србија, Украина и Грузија.

Таканаречените реформски сили се собраа околу претседателскиот кандидат со ореолот на умерениот националист Мусави и се подигна цела мрежа на невладини организации, а се појави и некаква верзија „Отпор“.

Иако Ахмадинеџад освои речиси дупло повеќе гласови од Мусави, опозицијата се обиде преку улични протести да ги оспори резултатите и да го наметне својот кандидат. Целата акција заврши неуспешно, иако владите на САД, Британија и ЕУ упатија протести и побараа повторување на изборите. Интересно, режимите во Кина, Русија, Бразил, веднаш честитаа на Ахмадинеџад. За внатрешната дестабилизација Советот за безбедност на револуцијата најмногу ги обвини Британците, додека глобалната јавност ја потсети дека тие и Американците пред половина век веќе направиле пуч против тогашниот премиер Мосадек.

Дополнителни компликации предизвика и неодамнешната одлука на Русија да ја прекине веќе договорената испорака на оружје за Иран, која го вклучува и ракетниот систем С-300 како најдобра заштита од воздушни напади. Слична одлука од страна на рускиот врв во 1999 година го олесни НАТО бомбардирањето во СРЈ.

Додека рускиот режим повикува на почитување на санкциите, експертите шпекулираат за вистинските мотиви: се слушаат аргументи дека и на Русија не одговара уште една исламска нуклеарна сила во регионот, но им одговара понатамошно заглавување на Американците и растот на цената на нафтата, до тезите дека тие и Западот полека го делат светот на интересни сфери и дека едни на други не се мешаат во зоните на надлежност.

Ако сето тоа е така, зошто Американците се двоумат? Пред се одговорот треба да се бара во нивната внатрешна политика. Иако лобијата на Израел, нафташите и трговците со оружје во Америка се многу силни, опозицијата секој ден е се посилна. Преку движењето на Чајните партии се буди класичната американска десница, која бара намалување на потрошувачката и средување на домашните финансии.

Впрочем, најзадолжената земја во светот не смее да отвори и трет фронт. На оваа авантура се противат и Пентагон и обавештајните кругови. Се укажува и на страшните ефекти по цената на нафтата, на дестабилизација на Ирак, дигање на целиот исламски свет, итн. Судирот меѓу двете струи во Америка добива на жестина и од неговиот исход веројатно ќе зависи и одлуката за судбината на Иран.

Политика - Белград



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Некој црнец од некое афричко племе доаѓа со жена му и неговото новородено дете кај доктор Џоунс и му вика:
'Докторе, имам осум деца и сите се црни како мене, само ова е бело....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1679.- Умре холандскиот писател Јост ван ден...
1782.- Шпанците го презедоа од Британците...
1783.- Од земјотресот во Калабрија (југозападен...
1840.- Роден е шкотскиот пронаоѓач Џон Бојд...