Повеќе од 20.000 Севернокорејци побегнале во Јужна КорејаСеул, 15 ноември 2010 (МИА) - Властите во Сеул соопштија дека бројот на Севернокорејците, кои побегнале од својата земја и побарале засолниште во Јужна Кореја, надминал 20.000 луѓе.
Во последните три години бегалците од Северна Кореја биле повеќе од 10.000, соопшти јужнокорејското Министерство на обединувањето.
Едни од последните бегалци од Северна Кореја се жена и нејзините два сина, кои стигнале до Јужна Кореја преку Кина. Се претпоставува дека во Кина се наоѓаат десетици илјади Севернокорејци.
Бранот бегалци се зголемил по огромната сиромаштија и глад во Северна Кореја во средината на 90-тите години од минатиот век, кои како што се претпоставува ги однесоа животите на два милиона луѓе.
Минатата година бројот на севернокорејските бегалци се намали, откако Кина, главниот сојузник на Пјонгјанг, започна забрзано да ги враќа бегалците во нивната земја. Организации за заштита на човековите права тврдат дека на репатрираните Севернокорејци им се заканува затвор, насилство, па дури и смрт.
Јужнокорејската Влада им обезбедува на бегалците од Северна Кореја државјанство, им помага финансиски и во наоѓање работа, ги обучува, но Севернокорејците честопати се судруваат со дискриминаторски однос во Јужна Кореја.
|