Кабул, 15 ноември 2010 (МИА) - Лидерот на талибанците мулата Омар ја отфрли можноста за мировни преговори во Авганистан.
- Талибанците се борат за формирање на Исламски Емират на Авганистан и победуваат во војната, порача Омар во електронска порака.
Тој по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам истакна дека талибанските бунтовници не се подготвени да преговараат за мир со авганистанската Влада, која ја смета за корумпирана и мартионетска, се додека странските војници не си заминат од земјата.
- Тврдењата за преговори, за флексибилноста на ставот на Исламскиот емират се чиста пропаганда, која нема никаква основа. Непријателот сака да го прикрие својот неуспех во Авганистан со влевање лажна надеж на граѓаните на своите земји, изјави мулата Омар, за кој се верува дека се крие во Пакистан.
Тој додаде дека стратегијата на бунтовниците е да ги интензивираат операциите ширум земјата и на тој начин да го принудат непријателот да излезе од своите засолништа, а потоа да го уништат со тактички напади.