Дводневен самит на НАТО во Лисабон

Брисел, 18 ноември 2010 (МИА) - Педесет шефови на држави и влади од утре ќе учествуваат на дводневниот самиот на НАТО во Лисабон.

- Овој 22. самит е еден од најважните, оцени генералниот секретар на Алијансата Андерс Фог Расмусен, додавајќи дека целта на собирот е да му се овозможи на НАТО да се прилагоди на заканите на 21.век и да го прошири бројот на своите партнери со вклучување на други големи играчи на светската сцена, како што е Русија.

Самитот започнува утре попладне со состанок на кој треба да биде одобрен нов стратешки концепт на НАТО, еден вид освежен основачки договор од 1949 година, кој ќе им дава насоки за постапување на државите членки.

Расмусен очекува дека на самитот ќе биде договорено и создавање систем за антиракетна одбрана, кој ќе биде во состојба да ја заштити територијата и населението на европските сојузници од нападите на некои од нивните бројни непријателски држави кои развиле балистичко ракетно оружје.

Лидерите на сојузничките држави ќе ја повикаат Русија да ја разгледа можноста за поврзување на идниот противракетен систем на НАТО со оној со кој веќе располага Москва. Рускиот претседател Дмитриј Медведев, ќе им се придружи на лидерите на Алијансата во сабота попладне на специјалниот самит на Советот НАТО-Русија.

Претходно изутрината ќе биде одржан состанок на земјите членки на НАТО со 19-те држави кои не се членки, но заедно со нив се ангажирани во Авганистан, како и со претставници на ОН, ЕУ, Светска банка и Јапонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Еден човек среќава пират во бар.Пиратот има дрвена нога,кука и извадено око.
"Како ја доби дрвената нога?" го прашува цовекот.
"Имасе страсна бура на морето,и јас излетав во...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1620.- Стотина населеници, исклучени од верски...
1716.- Роден е англискиот писател Томас Греј....
1734.- Роден е англискиот сликар Џорџ Ромни,...
1792.- Роден е англискиот пронаоѓач и...